Реконструирани 400 квадратни метри од покривот на Градскиот пазар во Прилеп – Колку чинеше реконструкцијата?
Општина Прилеп, на својата интернет страница објави соопштение дека е обновени 400 квадратни метри од покривот на градскиот пазар.
Во ова соопштение нема информација, колку чинела реконструкцијата, која фирма била изведувач, нема ни линк каде може да се најдат овие информации.
Градскиот пазар се простира на површина од околу 5.000 квадратни метри и располага со 365 тезги. Во изминатите два месеци завршена е реконструкција и целосно препокривање на околу 400 квадратни метри од покривот во почетниот дел од пазарот, каде што со години постоел проблем со нефункционална кровна конструкција.
Од Општина Прилеп информираат дека се разгледуваат можности за понатамошна реконструкција и модернизација на пазарот, со цел подобрување на условите за работа и престој на продавачите и граѓаните.



