|

Прилеп и Грција со нови можности за соработка – Средба на Проданоски со грчката конзулка

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари работна средба со Генералната конзулка на Република Грција, Деспина Ипиоти, на која се разговараше за конкретни можности за унапредување на соработката меѓу локалните самоуправи, со фокус на прекуграничните проекти.



Како што информираат од Општина Прилеп, посебен акцент бил ставен на размената на искуства и добри практики, како и на иницирање заеднички активности кои можат да донесат директни придобивки за граѓаните.

На средбата биле отворени теми поврзани со економскиот развој, туризмот, културата и образованието, области во кои постои реален потенцијал за заеднички проекти финансирани преку европски и регионални програми.

Од општината потенцираат дека ваквите средби се важни за јакнење на локалната дипломатија и за отворање нови можности за развој на Прилеп, особено во контекст на прекуграничната соработка со Грција.

Слични Објави