|

Во Битола одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во Битола денеска беа одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.



По тој повод, делегација од Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, советници, претставници на Сојузот на борци, политички партии и граѓани, положи свежо цвеќе пред Спомен-куќата на Гоце Делчев.

Градоначалникот Коњановски истакна дека делото на Делчев заслужува вечна почит и претставува обврска за денешните генерации да го негуваат македонскиот јазик, култура, писмо и традиција и да работат посветено за иднината на државата.

Гоце Делчев останува една од најзначајните личности во македонската националноослободителна борба и симбол на стремежот за слобода и правда.

Слични Објави