Зимски услови на патиштата – намалена видливост
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информира АМСМ.
На патниот правец Тетово – Скопје има намалена видливост до 100 метри поради магла. На Попова Шапка паѓа снег со среден интензитет, но сообраќајот засега се одвива без прекини, додека на планинскиот превој Пресека се бележат врнежи од лапавица.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а сите патни правци се проодни. На граничните премини нема задржувања.
Од АМСМ апелираат возачите да возат внимателно и со прилагодена брзина, особено на делниците каде постои ризик од одрони – Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.



