Целосен прекин на сообраќајот на патот кон Веселчани од 22 октомври

Општина Прилеп информира дека од четврток, 22 октомври 2026 година, ќе започнат градежни активности за рехабилитација на патниот правец Р1101 кон селото Веселчани, поради што патот ќе биде целосно затворен за сообраќај.

Од општината апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ја користат алтернативната патна траса Р1101 – с. Галичани – с. Кадино Село – с. Веселчани.

Се повикуваат возачите да ја планираат својата маршрута согласно изменетиот режим на сообраќај и да ги почитуваат сообраќајните правила за време на изведувањето на градежните работи.

Слични Објави