Повик за аплицирање -Поддршка за спорт и здруженија од Општина Прилеп
Општина Прилеп објави Јавен повик за прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на општината за 2026 година, наменет за спортски клубови, здруженија и фондации кои реализираат активности од јавен и општествен интерес.
Со овој повик, општината има за цел да го поттикне развојот на спортот, граѓанскиот активизам и учеството на граѓаните во различни едукативни, културни и општествени активности на локално ниво.
Право на учество имаат регистрирани спортски клубови, како и здруженија и фондации кои работат во интерес на заедницата и придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот во Општина Прилеп.
Заинтересираните субјекти можат да аплицираат со пополнување на соодветните формулари, кои се достапни на официјалната веб-страница на Општина Прилеп, заедно со целосниот текст на јавниот повик и правилникот со критериуми за распределба на средствата.
Апликациите треба да содржат детално образложение на проектите или програмите за кои се бара поддршка, како и целосна потребна документација, согласно условите наведени во повикот.
Од Општина Прилеп информираат дека средствата ќе бидат распределени транспарентно, врз основа на утврдени критериуми, а поддржаните активности треба да имаат директен позитивен ефект врз локалната заедница.
Роковите за поднесување на апликациите и сите дополнителни информации се објавени на веб-страницата на општината.
Повикот и целосната документација на следниот линк – https://www.prilep.gov.mk/javen-povik-za-pribiranje-na-baranja-za-raspredelba-na-finansiski-sredstva-za-sport-i-zdruzhenija/



