| |

Задолжување на општината

Општините можат да се задолжуваат и дома и надвор, но сега е тоа под построга контрола, а ќе се смени ако се донесе новиот Закон за финансирање на ЕЛС. Засега има контролни механизми. На пример, јавна набавка може да се објави само ако е таа во Планот за јавни набавки или во Програмите на Советот и ако има пари од буџетот за тоа. Градоначалникот (врз база на веќе донесени документи) донесува План за вкупните потреби за набавки, со динамика и Одлука за потребата за секоја одделна набавка. Законот за јавни набавки, вели тие да се одвиваат електронски.

Задолжувањето за регионални преокти не постои, затоа што регионалното поврзување е номинално и скоро и да не значи ништо. Законот за меѓуопштинска соработка предвидува општините да можат да формираат и заеднички јавни претпријатија,  агенции или асоцијации, заеднички да настапат за јавно – приватно партнерство и сл., но тоа скоро и да не се случува, освен она што е донесено со законите.

ЦЕЛИОТ ДОКУМЕНТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ

Слични Објави