|

Започна реконструкција на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ – 16,3 милиони денари од втората транша на унгарскиот кредит

Општина Прилеп започнува со реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 метри квадратни, односно последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто.



Градоначалникот Дејан Проданоски информира дека за реализација на проектот се обезбедени 16.356.730 денари преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Влада на Република Македонија.

Со проектот е предвидено поставување на повеќе од 20 нови клупи, ново зеленило, корпи за отпадоци, декоративни елементи, како и уредување на постојните парковски површини. Целта е просторот да добие модерен и функционален изглед, со што ќе стане попријатно и побезбедно место за пешачење, дружење и секојдневни активности на граѓаните.

Од Општината посочуваат дека со оваа интервенција централното градско подрачје ќе добие целосно нов лик, а градот ќе понуди подобра урбана слика за жителите и посетителите.

Оваа реконструкција е со средства за 2025 година, односно од втората транша пари од т.н. унгарски кредит. Општина Прилеп веќе ги има потпишано договорите за 12 проекти во вкупна вредност од 8 милиони евра. Заедно со трите проекти аплицирани во 2024 година, за кои општината доби 3 милиони евра, граѓаните ќе добијат вкупно 15 проекти во кои ќе бидат инвестирани над 11 милиони евра.

Ова се само дел од проектите кои општина Прилеп треба да ги реализира согласно веќе потпишаните договори, а следствено на тоа, и одобрените средства од Министерството за ЛС:

-Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“

-Изградба на мост на улицата „Победа“

-Реконструкција на влезот од Прилеп од страната кај Македонски Брод, улица „Орде Чопела“

-Реконструкција на улицата „Трајко Николоски“ со нова електро инсталација

-Нови детски игралишта во централното градско подрачје и во населбата „Типски“

-Изградба на водоснабдителен систем за селото Лениште

-Реконструкција на цевковод во индустриската зона и на манасирот свети Димитрија кај селото Селце.

-Поставување на фотонапонска централа на прочистителната станица

-Интеграција на скада ситем со гис платформа

-Замена на старата водоводна мрежа на булеварот „Гоце Делчев“ , улицата „Кузман Јосифоски“ и улицата „Ленин“

-Поставување на полуподземни контејнери вкупно 21 низ целиот град.

-Реконструкција на фасадата на ООУ„Рампо Левката“-Прилеп…. –   ги најави на прес коференцијата на 23.07.2025 бившиот градоначалникот Јовчески.

Слични Објави