Надлежности на општината и како ги остварува
Надлежности на општината и како ги остварува
Локален економски развој – ЛЕР (доделени со чл.22, став 1. од Законот за локална самоуправа). Овој дел сакаме посебно да го потенцираме, затоа што граѓанското општество може многу да помогне за развојот, посебно ако се поврзе со универзитетите и деловната заедница.
По закон, општината: Планира, одредува развојни и структурни приоритети; дава поддршка за развој на МСП, развој на локалната мрежа на институции и агенции; негува партнерства, креираат претприемачка култура; изградба на економска конкурентност на општината, активирање на сопствени ресурси, привлекување инвестиции. За тие надлежности, предвидено е „Јакнење на капацитетот на локалната администрација за ЛЕР и за креирање партнерство со деловниот сектор…“.