Напомени и статистики за капиталните трансфери
Капиталните трансфери кон ЕЛС
– Реализираните капиталните трансфери кон ЕЛС во просек учествуваат со околу 11% во вкупните капитални трошоци на Буџетот (во 2017 изнесувало 9%, во 2018 изнесува 10%, во 2019 и 2020 изнесува 12%).
– За 2021 г. капиталните трансфери кон ЕЛС, предвидени се 35,3 милиони евра, што е намалува од 9% на 7% со ребалансот. 7 институции од кои Владата, 4-ри министерства, БРР и ИПАРД Агенцијата преку 13 различни програми, предвидуваат обезбедување на финансиска поддршка за реализација на локални инвестиции. Намалувањето на трошоците најверојатно е резултат на неостварувањето на планираните приливи на централно ниво.
– Просечното учеството на капитални трансфери кон ЕЛС во вкупните буџетски трошоци (реализирани/планирани) е под 1%, односно 0,98% во планираните и 0,86% во реализираните трошоци. Во 2019 година е остварена највисока стапка на реализирано учество на капиталните трансфери кон ЕЛС во вкупните буџетски трошоци од 1,2% (планирано било 1,3) а најниско учество е остварено во 2020 година од 0,7% (еднакво со планираното).
Кај нас постои исклучително фрагментиран и непостојан систем на капитални трансфери од централната власт кон локалната.
12 институции од централната власт (Владата, 9 министерства, 2 агенции и 1 биро), преку 27 различни потпрограми обезбедуваат капитални трансфери за општински инвестициски проекти. Годишно од 7 до 10 институции спроведуваат (во просек) по 15 различни програми. Некои од овие програми се повеќегодишни, но скоро секој проект трае до 1 година, има кратење, откажување, па општините тешко можат да планираат.
ЦЕЛИОТ ДОКУМЕНТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ



