| |

Детска претстава „Јованче и Марика“ – “Vanghel shi Vanghelitsa” на влашки јазик

За прв пат во Крушево е најавена детската претстава “Јованче и Марика” – “Vanghel shi Vanghelitsa” на влашки јазик.

Оваа сабота 2-ри Ноември, со почеток во 18 часот сите заедно да им дадеме поддршка и да им посакаме уште многу успешни премиери!

Организатор на оваа претстава е Дом на култура “Наум Наумовски – Борче” во соработка со наставниците по влашки јазик Надица Нане и Ставре Шоке, а во изведба на ученици од ООУ”Никола Карев” и СОУ”Наум Наумовски- Борче”

Проектот е поддржан од Министерство за култура и секако Општина Крушево.

Влезот е слободен.

Слични Објави