|

За прв пат се формира Комисија за унапредување на правата на пациентите во Општина Прилеп

На 38-та седница, Советниците го усвоија предлогот за формирање на Комисија за унапредување на правата на пациентите во Општина Прилеп, во која членуваат советници, лекари и претставници од невладиниот сектор чија целна група се лица со одредени болести. Комисијата која за прв пат се формира, ќе има улога да ги заштитува правата на пациентите од Општина Прилеп.

Советниците при Советот на Општина Прилеп на денешната 38-ма седница ги разгледаа и усвоија предложените финансиски планови на основните и средните училишта во Општина Прилеп за 2024 година, како и програмите за изведување на научно – наставна екскурзија во учебната 2023/2024 година на ООУ „Круме Вонароски„ -Топочани и на ООУ „Страшо Пинџур“ – М. Коњари за трето, шесто и деветто одделение.

На денешната седница беше усвоена и предлог – одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, а беа именувани и нови членови на управни и надзорни органи во ЈОУДГ ,,Наша Иднина“ Прилеп и ЈОУ „Киро Крстески-Платник“ Прилеп.

На дневен ред беше разгледана и програмата за реализација на дејноста на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески” Прилеп за 2024 година и финансиските планови на оваа институција, но тие не беа прифатени од советниците.

Слични Објави