,,ЕУ за Преспа” – Враќање на природните ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам
Денес, Општина Ресен ја посетија Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, Постојаниот претставник на УНДП за Република Македонија Армен Григоријан, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Министерот за Животна средина, Изет Меџити и Министерот за Европски прашања, Орхан Муртезани.



На состанокот и пресот што се одржаа во општинската сала се зборувше за проектот ,, ЕУ за Преспа” чија цел е да ја промовира Зелената агенда за Западен Балкан во прекуграничната област на Преспанското Езеро во согласност со ,,нема оставени луѓе и региони”.
Проектот „Враќање на природните ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“ има за цел значително да ги трансформира практиките и однесувањата кај локалните креатори на политики, земјоделците, приватниот сектор, граѓанските организации и граѓаните.
Фокусот е на одржливо управување и користење на природните ресурси во регионот на Преспа, што доведува до подобрен квалитет на живот и економски развој преку новите „зелени“ патишта.
Мерките ќе се однесуваат на загадувањето на водата и почвата, ќе ги заштитат загрозените видови и ќе промовираат одржливи локални економски и земјоделски практики.
Проектот „ЕУ за подобрување на инфраструктурата во областа Преспа“ има за цел да го зачува и подобри еколошкиот систем на подрачјето на Преспанското Езеро.
Ова ќе се постигне преку низа меѓусебно поврзани капитални инвестиции во Општина Ресен, заедно со мерки за развој на капацитетите.
Проектот ќе се фокусира на подобрување на системите за управување со комунални отпадни води и цврст отпад, подобрување на прекуграничната соработка и подобрување на поврзаноста и мобилноста околу езерото преку отворање на граничниот премин со Р. Грција, Маркова Нога.
Проектот е финансиран од Европската Унија и УНДП, а партнери се Општина Ресен, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Очекуваните резултати од проектот се
• Еколошки систем во пределот на Преспанското Езеро кој е зачуван и подобрен со намалување на бројот на туѓи риби и просечна популација на туѓи риби во езерото.
• Намалување на загадувањето од човечки активности преку капитални инвестиции во проширување на канализациските мрежи и пречистителни станици во руралните заедници и подобрување на системот за управување со отпад во општина Ресен. .
• Зголемен удел на еколошки земјоделство во Преспа, со најмалку 50 поддржани земјоделци за подобрување на земјоделските практики во оптимизација на наводнувањето, заштита на почвата и заштита на културите, одгледување во транзиција/органско земјоделство и пилотирање на недрвени шумски производи.
• Зајакнати одржливи економски активности во областа Преспа преку поддршка на интервенции во туристичката инфраструктура и воведување нови одржливи туристички производи.
• Засилена прекугранична соработка преку изграден граничен премин Маркова Нога со Грција и ажуриран Стратешки акционен план за паркот Преспа.
После состанокот се посетија ,, Spirit of Prespa”- локална семејна организација која го промовира регионот на Преспа преку агро туризмот каде што може да се види начинот на производството на земјоделски производи и да се вкуси традиционалната храна на Преспанскиот регион, како и граничниот премин со Р. Грција Маркова Нога.