Пригодна свеченост по повод донација на книги во Библиотеката „Борка Талески“

Вечерва, во 17 часот, во салата на ЈОУ Библиотека „Борка Талески“ ќе се одржи пригодна свеченост по повод донацијата на книги од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Ова е трета по ред донација на книги од Руската амбасада за библиотеката, со што нејзиниот фонд се збогатува со над 30 наслови во повеќе примероци. .

Библиотеката „Борка Талески“ со години претставува важен културен центар, а ваквите активности се потврда за нејзината посветеност кон развојот на писменоста и културната сцена.

Слични Објави