| |

Австрискиот амбасадор во посета на Општина Ресен

Амбасадорот на Република Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, денес престојуваше во официјална посета на Општина Ресен, каде оствари средба со градоначалникот Јован Тозиевски и претставници од локалната самоуправа.



Посетата започна со работна средба во општинскиот кабинет, на која се разговараше за можностите за соработка помеѓу Ресен и австриските институции, со акцент на економскиот развој, културната размена и туризмот.

Во продолжение, амбасадорот Памер го посети историскиот Сарај – симбол на културното и архитектонското наследство на Ресен, како и црквата Св. Ѓорѓија, еден од најзначајните верски објекти во градот.

Во рамки на програмата, беше посетена и црквата Св. Ѓорѓија во Курбиново, позната по уникатните фрески од 12-от век, ремек-дело на византиската уметност.

Амбасадорот оствари и посети во индустрискиот дел на општината, вклучително и фабриката за сокови „Rauch“ – австриска инвестиција која има важна улога во локалната економија. Во придружба на градоначалникот беше посетена и компанијата „Рес-Ком“, каде се разговараше за индустрискиот развој и потенцијалите за нови странски инвестиции.

Дел од посетата беше и локалната иницијатива „Spirit of Prespa“, каде амбасадорот се запозна со природните убавини на Преспа, како и со напорите за одржлив туризам и еколошка заштита.

Градоначалникот Тозиевски изрази благодарност за посетата и ја оцени како важен чекор кон продлабочување на билатералната соработка и поддршка за локалниот развој.

Слични Објави