| |

(видео) Запленети 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп, приведен прилепчанец

На регионалниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ „Тигар“ од Бирото за јавна безбедност при МВР, запленија околу 35 килограми марихуана и привеле едно лице од Прилеп.



Акцијата е изведена на 3 септември 2025 година, во рамки на засилените мерки за спречување на недозволена трговија со дрога. При контрола на патничко возило „Голф“, управувано од И.А. (36) од Прилеп, полицијата во багажниот простор пронашла две торби со 35 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 35 килограми.

Истрагата покажала дека дрогата во утринските часови била пренесена од Албанија, а осомничениот требало да ја транспортира до границата со Грција, каде што била наменета за понатамошен транспорт кон Турција.

И.А., кој пред само 20 дена издржал казна затвор од три и пол години за истото кривично дело, е приведен и задржан во Полициската станица Битола. По комплетирање на документацијата, против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Битола за „Недозволена трговија со дрога“ по член 215 од Кривичниот законик.

Слични Објави