| |

Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување

Во Солун на 15 и 16 маj 2023 година се организира настан за туристички работници и засегнати страни во туристичкиот сектор. Настанот за градење капацитети и мотивирање на туристички засегнати страни е дел од Проект „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП.


Проектот го спроведуваат Здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола партнер од Македонска страна, Институт за истражување и развој на бизнис и изложби (ИЕЕ) и Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија) од Грција, во рамките на ИПА Интеррег Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“ и е ко-финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.

Главната цел на проектот АЛТЕР ТРИП е да мотивира трансформација на една територија во пристапна и инклузивна туристичка дестинација, и да го поддржи одрлжливиот развој на туризмот на културното и природното наследство во прекуграничниот регион. Главната придобивка што ќе произлезе од имплементацијата на проектот е подобрување на привлечноста на туристичкиот производ со создавање на разнолик и повеќесезонски производ во прекуграничниот регион, фокусирајќи се на компаративните предности на руралните средини кои привлекуваат лица со попречености и лица со намалена подвижност и нивните семејства.
Паралелно, горенаведеното ќе го олесни партнерството за решавање на јазот во компетентноста за пристапен туризам меѓу малите и средни претпријатија во туристичкиот сектор преку нудење на сеопфатна обука во областите на пристапен туризам, иновации и одржлив развој на области на природно и културно наследство, поддршка на претприемништвото и зголемување на вештините заедно со јавниот сектор, и може дополнително да ја развие проектната идеја со огромни придобивки за сите, обезбедувајќи соодветна додадена вредност на регионот.

Слични Објави