|

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување

Со измените на Законот за здравствено осигурување, од сега па натаму Фондот ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување, што претставува значајно олеснување за паровите кои се борат со неплодноста.



Претходно, државата ги покриваше само првите три обиди, што во многу случаи не беше доволно за успешна бременост. Со новите измени, бројот на обиди се дуплира, а се вклучуваат и различни типови на БПО процедури, вклучително и оние со сопствени или донорски репродуктивни клетки, ембриони, јајце-клетки или сперма.

Дополнително, воведена е поедноставена електронска процедура за поднесување барања, како и подобрен административен и професионален надзор, со што се скратува времето за одлучување и се овозможува појасна жалбена постапка.

Со овие измени, Македонија го приближува својот здравствен систем до европските стандарди и ги намалува финансиските пречки за паровите кои сакаат да основаат семејство.

Слични Објави