Формирано Доброволно противпожарно здружение „Балтин“ во Општина Долнени
Во Општина Долнени официјално е формирано Доброволното противпожарно здружение „Балтин“, со цел организирање и зајакнување на доброволните капацитети за заштита и спасување, како и поефикасно справување со пожари и други итни ситуации.
Формирањето на здружението претставува чекор кон унапредување на локалната безбедност и зголемување на подготвеноста за навремена реакција во ситуации кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот.
По повод формирањето, градоначалникот на општина Долнени Блерим Ислами изрази благодарност до претседателот на Доброволното противпожарно здружение „Бајрам Мифтари“ – Чаир, Артан Демири, како и до претставникот на Дирекцијата за заштита и спасување, Севгани Ибраими, за нивната поддршка, соработка и придонес во процесот на основање на здружението.
Со формирањето на „Балтин“, Општина Долнени добива нов доброволен капацитет кој ќе придонесе за развој на противпожарната заштита, солидарноста и заедничката грижа за безбедноста на населението.


