| |

УТВРДУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТИ ЗА РАБОТАТА НА ЛОКАЛНИОТ ЕКОНОМСК0 – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ (ЛЕСС) НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ЗА 2023 ГОДИНА

Денес, во ресторанот „Вила Горна Куќа“, с. Слепче, се одржа настн во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијагол во заедницата“, во организација на Младински културен центар – Битола со поддршка од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска.

Целта на настанот е да се зајакне и поддржи работата на ЛЕСС на Општина Демир Хисар. Учесниците на работилницата направија приоритетна листа на проблеми и потреби на локално ниво кои се планира да бидат вклучени и инкорпорирани во програмата за работата на ЛЕСС, Демир Хисар за оваа 2023 година.

Градоначалникот Никола Најдовски, истакна дека „Со ваквиот интерактивен модел на работилници, непосредно се поттикнува и развива социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, односно усогласување околу битни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа, а што, всушност, се основа во остварувањето и имплементирањето на целите на ЛЕСС„.

Најдовски, исто така, потенцираше дека, и понатаму локалната самоуправа несебично ќе ги поддржува сите програмски активности кои се составен дел од ЛЕСС и врз база на произнесените идеи, сугестии и предлози силно фокусирани, заеднички, согласно реалните потреби на граѓаните ќе се овомозможи до израз да дојдат ресурсниот потенцијал во процесот на креирање јавни политики, а со тоа и развој на локалната средина.

Слични Објави