Урбанизмот и останатиот криминал (5): „Тепачките“ за инспекторско место се минато
Градежништво/ Фото: Слободен печат/Архива
Лиценцирани општински инспектори има помалку од 300, а од нив само 50 до 60 се лиценцирани градежни инспектори, што е премалку за да можат да ги задоволат барањата на граѓаните.
Граѓаните можат да пријават до инспекциски служби или до градоначалникот некаков случај (за кој мислат дека треба да оди пред инспекција) и преку писмо, меил, преку општинската веб страница, на шалтер во општината (архива), по телефон, или лично кај инспекторот. Ако не знаат кој инспектор е надлежен, ќе му кажат во општината. Времето за кое инспекторот мора да реагира се движи од „итно“ (ден – два, до 5 дена), па до 1 месец најдоцна.
Записници и/или решенија од инспекциските надзори треба да бидат објавени, а треба да има објавено и програми, планови и извештаи за/од инспекцискиот надзор, како и решенијата, посебно ако се работи за животна средина, здравје или имот на граѓаните.
Ова погоре е теоријата, а за практиката – подолу. Практиката бара и малку едукација, која знае да заличи и на теорија на заговор.
Прочитајте го целиот напис на следниот линк „Урбанизмот и останатиот криминал (5): „Тепачките“ за инспекторско место се минато“ во Слободен печат
Текстовите се произведени во рамки на проектот на АГТИС, со наслов „Отворени општини, со отворени податоци“, финансиран од НЕД.