|

„ДЕВА„ обичај кој се слави само во Крушево и во Витлеем

Денес 05. јануари, посетете го Крушево и погледнете го обичајот „Дева“. Со почеток во 17 часот, на градскиот плоштад во Крушево во пресрет на големиот празник Божик, се одржува традиционалната манифестација „Дева“ – празник кој го најавува Неговото раѓање.

„Дева“ е обичај, стар стотици години. Се вели дека крушевските печалбари го пренесле од Русија и се празнува само во Крушево и во Витлеем. Она што е интересно е дека млади момчиња носат шестокрака ѕвезда, ја пеат песната „Дева, Деване..“ и со тоа ја најавуваат прекрасната вест за раѓањето на Исус Христос.

Неколку години по ред, организирано, крушевските средношколци од СОУ „Наум Наумоски – Борче“ потсетуваат на вековната, уникатна, предбожиќна традиција во Крушево.

Предбожикни песни, навестувањата, голем број изрботени шестокраки црвени ѕвезди. Велат, како онаа во Витлеем кога било навестено Исусовото раѓање.

Организирано, крушевските средношколци од училиштето „Наум Наумоски Борче“ потсетуваат на вековната уникатна предбожикна традиција во Крушево. Да остане довека.

Млади момчиња, носејќи ја црвената ѕвезда се упатуваат пред секоја крушевска порта. Затропуваат. Ја пејат „Дева, Деване“. Добиваат благослови и, секако, пари. Таков е вековниот адет. И сѐ така, додека не се поминат портите во таа петтојануарска ноќ.

Слични Објави