|

Успешен почеток на Демирхисарската летна школа 2024

Демирхисарската летна школа, позната по својата научно-едукативна вредност, повторно ги отвори вратите за студенти, дипломци, магистранди и докторанди од целата земја. Оваа година, Школата се одржува од 7 до 12 јули, а учесниците ќе имаат можност да се вклучат во бројни теоретски и теренски активности.

Школата, која прерасна во препознатлив образовен бренд, ја предводи познатиот византолог проф. д-р Сашо Цветковски, заедно со тим од реномирани универзитетски професори од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Меѓу нив се и проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, проф. д-р Виктор Недески и проф. д-р Тони Филиповски од Институтот за историја.

Симболичниот почеток на Школата беше одбележан на 7 јули, на празникот Иванден, во манастирот Св. Јован Претеча Слепче, кој е соорганизатор на настанот. Теренските и наставно-теоретските активности започнаа на 8 јули, кога отец Серафим, игумен на манастирот, одржа предавање за житието на светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска.

Финансирањето на Демирхисарската летна школа е обезбедено од Општина Демир Хисар и манастирот Св. Јован Претеча, со поддршка од Министерството за култура.

Слични Објави