|

Општина Крушево ќе продолжи со реализација на Проекти иницирани од потребите на граѓаните

Општина Крушево, водена од потребите и приоритетите на граѓаните, со почетокот на новата година продолжува со посветена работа на реализација на значајни проекти и подготовка за нови иницијативи. Овие проекти се резултат на непосредна комуникација со жителите и нивната вклученост во процесот на планирање.

Согласно усвоените програми и буџетските планови и средствата планирани во општинскиот Буџет општината ги објави следните активности:

Планираните активности:

  • Реконструкција на општинскиот пат Свето Митрани – Врбоец, со вредност од 1 761 456 денари;
  • Реконструкција и доградба на улица во село Јакреново (крак 1), за која се издвоени 22 138 282 денари;
  • Инсталација на сообраќајна сигнализација, предвидена на износ од 2 250 000 денари;
  • Изработка на урбанистички планови, со алоцирани 2 300 000 денари;
  • Изработка на техничка документација за реконструкција на градскиот пазар, со воведување на мерки за енергетска ефикасност, вредна 315 000 денари;
  • Пумпна станица во село Норово, проект во вредност од 500 000 евра;
  • Реконструкција на дел од улицата Коча Миленку од раскрсницата кај споменикот на Наум Наумоски-Борче кон споменикот Питу Гули хотелска зона до спојот со регионален пат Битола со вкупна должина од 886 метри во вредност од 22 000 000 денари.

Покрај овие капитални инвестиции, општината продолжува со активности за поддршка на спортот, културните настани, социјалната заштита и заштитата на животната средина.

Овие проекти се дел од нашата стратегија за исполнување на потребите на граѓаните и создавање на подобри услови за живот – објави градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски а воедно повикувајќи ја локалната заедница и понатаму да се вклучува во процесите за позитивни промени.

Фото – општина Крушево

Слични Објави