Делгација од општина Хрпеље Козина од Словенија во посета на општина Новаци
Денеска Општина Новаци ја посети делгација од збратимената општина Хрпеље Козина од Р. Словенија.
Делегацијата составена од 5 члена, советници и администрација, предводена од градоначалничката Саша Ликавец Светелшек најпрво оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, следуваше седница на Советот на Општина Новаци, а ги посетија и детската градинка Бамби и основното училиште ,,Славко Лумбарковски” во Новаци.
“Ова долгогодишно пријателство помеѓу двете општини: Новаци и Хрпеље Козина трае повеќе од десет години. Ваквите средби се многу корисни за размена на искуства од делокругот на работа на локалните самоуправи во двете земји, продлабочување на можностите за соработка и негување на меѓусебното пријателството“ истакна Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци