,,Фестивалот на жетвата Новаци 2024″ ќе се реализира со финансиски средства од МЗШВ
Општина Новаци со ,,Фестивалот на жетвата Новаци 2024″ е меѓу 56 добитници за поддршка на локални настани и саеми од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ.
,,Фестивалот на жетвата” оваа година ќе се одржи на 19 и 20 јули кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.
Градоначалникот Стевче Стеваноски, истакна „Заедно со министерот ќе го поддржиме и ќе работиме на новиот концепт за поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам.
Сето тоа е во насока на подигнување на земјоделството и руралниот живот на едно подобро ниво.“