|

Противпожарна единица – Ресен на 20.05.2024 со показни пожарникарски вежби, да не се создава паника

Ве известуваме дека по повод на “Денот на пожарникарите” – 20.05.2024 (Понеделник) во 11:00ч припадниците на Територијалната Противпожарна единица – Ресен ќе извршат показна пожарникарска вежба во дворот на училиштето “Мите Богоевски” во Ресен. За потребите на показната вежба ќе бидат користени и сирените на противпожарните возила како и на амбулантните возила кои ќе бидат дел од истата.

Поради таа причина Ве известуваме да не се создава паника бидејќи се работи за вежба која е редовна во рамки на службата на ТППЕ Ресен. – Стои во соопштението од ОПШТИНА РЕСЕН

Слични Објави