Инфо ден ИПАРД 2021-2027
Денес во Општина Новаци претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството а во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа инфо ден со кој започна кампањата за информирање на потенцијалните корисници за можностите и финансиските средства кои ги нуди ИПАРД Програмата 2021-2027.
Присутните земјоделци беа информирани со мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства но и детално со условите и постапките за аплицирање на средства од ИПАРД Програмата.