Уништени 50 тони небезбедна храна – Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во 2024 година спроведе над 117.000 инспекциски контроли, надминувајќи ја бројката од 2023 година. Како резултат на овие активности, биле уништени 50 тони небезбедна храна, издадени 2.000 решенија за отстранување недостатоци и изречени 300 парични казни.
Во текот на годината, како небезбедна се уништени 50 тони храна, од кои значителен дел биле откриен на граничните премини. Инспекторите вратиле или уништиле седум пратки со 74 тони храна од неживотинско потекло, додека кај храната од животинско потекло биле утврдени 14 небезбедни пратки. Девет од нив биле вратени на испраќачот, а пет биле уништени.
Во втората половина од 2024 година, АХВ ја зголемила фреквенцијата на вонредни инспекции во објекти што работат со ранливи категории, како градинки, домови за стари лица и училиштни кујни.
Во Базата на податоци за вонредни инспекции се евидентирани 317 иницијативи од граѓани. Од нив, најчести се сомнежите за труење со храна (13 случаи), производи со поминат рок на употреба (12 случаи), присуство на контаминенти (8 случаи) и нехигиенски услови (7 случаи). Дополнително, регистрирани се 36 пријави за неодговорно сопствеништво на животни и 14 за напади од кучиња.