|

Пијан Македонец удри во паркиран автомобил во Хрватска – казнет со 4.860 евра

Во Загреб, Хрватска, 45-годишен државјанин на Македонија предизвикал сообраќајна несреќа управувајќи возило под дејство на алкохол. Инцидентот се случил кога возачот со 1,76 промили алкохол во крвта удрил во паркирано возило марка „Рено Клио“. За среќа, во несреќата нема повредени лица.

По интервенција на полицијата, тој бил приведен и изведен пред надлежен суд. Судот му изрече парична казна во висина од 4.860 евра и забрана за управување моторно возило од Б категорија во времетраење од 12 месеци.

Хрватските власти апелираат до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.

Слични Објави