НОЌВА ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27-ми октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот по полноќ ќе се смета како 2 часот.

Ноќеска, на 27 октомври, почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути повеќе за спиење, но и порано ќе се стемнува во вечерните часови поради приближувањето на зимската краткоденица.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

Последните години во Европа, па и во Македонија се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Слични Објави