|

ПОЖАРИТЕ НИКАКО ДА СТИВНАТ – ПЕТ АКТИВНИ

Во текот на вчерашниот ден, 04.08.2024 година (недела), имаше вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати.

Според информациите од Центарот за управување со кризи се уште активен е пожарот во Општина Македонски Брод: с.Тажево – с.Брезница – Крак кон Јасен, потоа воОпштина Демир Хисар – Охрид: Илинска Планина, с.Базерник, Општина Гевгелија: с.Фурка кон Каравалија; Општина Студеничани: с.Драчевица – с.Црвена Вода, м.в.Темна Бука, Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште.

Под контрола се пожарите во Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница – Вапила , Општина Богданци: м.в.Погана према Ветерен Парк Богданци и Општина Пласница: с.Латово.

Од изгаснатите пожари се и во Општина Битола 1: Кромберг и Шуберт; Општина Битола 2: с.Лопатица; Општина Прилеп 1: с.Селце; Општина Прилеп 2: кај Метеоролошка станица; Општина Кичево: Комуналец Кичево.

Слични Објави