8. Демирхисарска летна школа – во чест на 500 години од хиротонијата на архиепископот Прохор
Во Манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче се одржа координативна средба за подготовка на 8. издание на Демирхисарската летна школа. Средбата ја водеа игуменот отец Серафим и дел од сестринството, како коорганизатори на Школата и организатори на 4. Меѓународен научен симпозиум. Присуствуваа проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на Школата и советник при Истражувачкиот центар…



