Активен викенд на Галичица со Tour de Galicica 2025
Во рамки на редовните спортско-рекреативни активности во општина Ресен, викендов се одржа 12-тото издание на Tour de Galicica 2025. Настанот опфати повеќе активности насочени кон промоција на активниот туризам и здравите животни навики.





Програмата понуди богато искуство и авантура преку повеќе активности:
Планинарска тура од село Стење до село Конско со посета на живописниот остров Голем Град.
Велосипедска тура по истата рута, со дополнително возење со чамец до островот.
Искачување до врвот Кота Ф10, предизвик за посветените планинари.
Велосипедска авантура низ Националниот парк Галичица, каде учесниците уживаа во недопрената природа и свежиот планински воздух.
Tour de Galicica 2025, кој годинава се одржа по 12-ти пат, привлекувајќи учесници од различни генерации.
Настанот беше реализиран со поддршка на Општина Ресен, која останува посветена на поттикнување активности кои го поврзуваат спортот, рекреацијата и заштитата на природата.
Организаторите упатија благодарност до сите учесници и соработници кои придонесоа за успешно реализирање на настанот.