|

Општина Ресен: Јавен повик за еднократна помош

ЈАВЕН ПОВИК
За доделување на еднократна парична помош на семејства со првоодделенчиња запишани во основните училишта на територијата на Општина Ресен во учебната 2025/2026 година

Ги повикуваме родителите/старателите да поднесат Барање за еднократна парична помош во висина од 5.000,00 денари што ги доделува Општина Ресен на семејства со првоодделенчиња запишани во основните училишта на територијата на Општина Ресен.

Барањата за еднократна парична помош можат да се поднесат секој работен ден додека трае повикот од 09.00 часот до 15.00 часот во услужниот центар на Општина Ресен во период од 04.06.2025 година до 13.06.2025 година.

Образец од Барањето може да се подигне во услужниот центар или на веб страната на Општина Ресен, www.resen.gov.mk. Во прилог на барањето се доставуваат следните документи:

  1. Фотокопија од извод од матична книга на родени (за прваче)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа /пасош за еден од родителите/старатели.
  3. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител/старател – даночен обврзник од кој заедно со барањето е приложена копија од лична карта или патна исправа.

Слични Објави