10.000 денари за секој нов средношколец во Ресен!
Општина Ресен со нова поддршка за учениците – 10.000 денари за сите новозапишани средношколци во СОУ „Цар Самоил“
Општина Ресен, покрај традиционалната еднократна парична помош за првоодделенчиња, оваа година воведува нова мерка за поддршка на образованието. За прв пат, ќе биде доделена еднократна парична помош во износ од 10.000 денари за сите ученици кои ќе се запишат во прва година во СОУ „Цар Самоил“ – Ресен.
Целта на оваа мерка е да се мотивираат и стимулираат младите да го продолжат своето средно образование во општинско училиште, кое нуди квалитетна настава, професионален кадар и современи услови за учење.


