|

8. Демирхисарска летна школа – во чест на 500 години од хиротонијата на архиепископот Прохор

Во Манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче се одржа координативна средба за подготовка на 8. издание на Демирхисарската летна школа. Средбата ја водеа игуменот отец Серафим и дел од сестринството, како коорганизатори на Школата и организатори на 4. Меѓународен научен симпозиум.

Присуствуваа проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на Школата и советник при Истражувачкиот центар „Цветан Грозданов“ при МАНУ, како и Благоја Шундовски, долгогодишен координатор.

Централна тема на состанокот беше одбележувањето на значајниот јубилеј – 500 години од хиротонијата на архиепископот Прохор и дејноста на Слепченската книжевна школа. По тој повод, годинашната Летна школа ќе биде во целост посветена на јубилејот, со одржување на 4. Меѓународен научен симпозиум во манастирскиот комплекс од 7 до 10 јули.

Учеството го потврдија бројни научници од Македонија, Србија и Бугарија, како и студенти од скопските универзитети и наставници од Демир Хисар. Отворањето на симпозиумот ќе се одржи на 7 јули, на празникот Иванден.

Во тек се финалните подготовки за објавување на програмата, предавачите и трудовите.

Слични Објави