|

Свеченост по повод Денот на ослободувањето на Ресен и Преспа

Денес во Општина Ресен се одржа свечена седница по повод празникот на градот „11-ти Септември“ – Денот на ослободувањето на Ресен и Преспа. Оваа година се одбележа 81-ва годишнина од ослободувањето, проследена со свечена церемонија.



Како почесен гостин присуствуваше Армен Григоријан, претставник на УНДП во Северна Македонија, на кого му беше врачено признание за посебен придонес во развојот и поддршката на локалната заедница.

За време на настанот, делегација составена од членови на Советот на Општина Ресен и претставници од Здружението на борците положи свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци на градскиот плоштад во Ресен, како и на споменикот на народниот херој Мите Богоевски во село Болно.

Во рамки на активностите, заедно со г. Григоријан, беше положено цвеќе и на споменикот на Преспанското советување во Отешево, симбол на историското значење на регионот за народноослободителната борба.

Дополнително, беше посетена и мониторинг-станицата за животна средина во с. Стење, во функција на унапредување на заштитата на Преспанското Езеро и неговата околина.

Слични Објави