|

Отворен повик за предлози за „3-то Ноемвриски награди и признанија“ во Прилеп

По повод празникот на Општина Прилеп – 3-ти Ноември, Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници распишува јавен повик за доставување предлози за доделување на традиционалните општински награди и признанија „3-ти Ноември“, како и наградата за животно дело.



Наградите се доделуваат на физички и правни лица за особен придонес и достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот на општината.

Право на предлагање имаат претпријатија, здруженија, граѓани, како и други правни и физички лица.

Предлозите треба да бидат образложени и аргументирани, при што е важно да се истакнат посебните достигнувања на кандидатите во периодот од 3-ти Ноември 2024 година до денес. Во категоријата „Животно дело“, кандидатите треба да бидат личности кои подолг временски период оставиле силен белег во својата област.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување на значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, во приемното одделение на новата општинска зграда или по пошта на адреса:

ул. „Прилепски бранители“ бр. 1 – Прилеп.

Крајниот рок за доставување е 13 октомври 2025 година

Слични Објави