(видео) СТЕНДАП АВАНТУРА СО НАДИЦА ПЕТРОВА ВО ПРИЛЕП
На 15 октомври (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Кино „Мис Стон“, актерката и комичарка, Надица Петрова ќе одржи своја двочасовна стендап-комедија што ветува многу смеење.
– Публиката ќе има можност да ужива во мешавина од шарм, имитации, музика и препознатливо “себеисмевање”, по што Петрова е веќе позната на сцената.
Настапот ги обединува нејзините најуспешни хит-шоуа – „Која сум јас“ и „Не се курчи“ – и додава нешто сосема ново, свежо и духовито, со што ветува „лифтинг на образите“ од смеење.
Влезниците, по цена од 300 денари, се достапни во City Tobacco Прилеп.
Не пропуштајте два часа чиста забава, хумор и искрена енергија со единствената Надица Петрова!



