Претставата „Јованче и Марика“ на влашки јазик во изведба на учениците од Крушево
Учениците од Основното училиште „Никола Карев“ од Крушево на 14 декември 2024 година ja изведена на влашки јазик извонредна театарска претстава „Јованче и Марика“. Настанот се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, а присутните имаа можност да уживаат во уникатно културно доживување.
Претставата, инспирирана од познатата бајка на браќата Грим, беше прилагодена и адаптирана на влашки јазик, притоа нагласувајќи ја богатата културна традиција на Власите во Македонија. Учениците вложија труд и креативност во реализацијата на овој проект, под менторство на нивните наставници.
Посетителите имаа можност да се запознаат со влашкиот јазик и култура, што е од особена важност за зачувување и промоција на ова нематеријално културно наследство. Настанот беше посебно доживување за сите генерации – од најмладите посетители до постарите. Овој настан уште еднаш потврди дека уметноста и образованието се моќни алатки за градење на мостови меѓу различните култури.
Фото – Marija Nikolova