| |

Како би знаеле ние граѓаните како работат општините и „регионот“?

Нема закон граѓаните да мораат да реагираат и да доаѓаат на тоа средбите организирани од општините, но има купишта ЗАКОНИ во кои се вели дека општините треба да развијат капацитет за подобрување на услугите кон граѓаните, планирањето, водење на развојот и за учество на граѓаните во носењето одлуки. Што тука не е јасно? Јасно е, па затоа граѓаните имаат неподелено лошо мислење за локалната администрација и институции.

Еве како би знаеле:

Преку нивните услуги кон нас – тоа е еден од најефикасните начини, или уште поочигледно: преку е – услугите.

Потоа преку достапните податоци, информации и повици за јавни дебати на веб страниците на општините;

Преку општинските иницијативи, каде бараат мислење од граѓаните;

Преку навремено и јасно објавување на датумот и дневниот ред на Советите на општините, со можаност граѓанинот да реагира;

Преку давањето податоци и отчети за својата работа, но на јасен и отчетен начин, а не колку да не ги прекршат законите;

Преку навремено објавување на планските документи, извештаите за работата, планираните промени на урбанистичките планови и јавни расправи за тоа.

Преку медиско претставување на „регионот“, односно неговите тела, што тие работат, кои се луѓето таму;

Кои проекти ги имаат, каде и со кого работат, што постигнуваат?

Кои регионални проекти ги припремиле и дали и како бараат донатор (владата, општини, институции или „странците“ од амбасади, па до Асоцијации на локални и регионални власти во Европа, УСАИД, Покраини од Германија и други земји, Национални стручни организации за помош во странство како ГТЗ и многу други);

Кои регионални лидери на мислење ги создале, нивни јавни настапи, учество во дебатни емисии.

Сето тоа влегува во транспарентноста и отчетноста, а пак податоците – кои ги објавуаат на сајтовите се „ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ“, кои тие треба да ги дадат на веб и секој да може да ги користи.

Да не сте чуле нешто од гореспоменатото?

Ете и заради тоа постои овој проект, кој сака овие податоци да ги собере и да ги даде на граѓаните, за некои институции да престанат да бидат „партизански“ и невидливи, туку да се охрабрат, да се претстават пред јавноста, а со тоа и ДА БИДАТ ПРАШАНИ.

Слични Објави