Психолошка прва помош – нови знаења за даватели на здравствени и социјални услуги
Здружението Центар за развој и едуакција просториите на Градската Библиотека „Борка Талески” Прилеп денес одржа обука под наслов “Прва психолошка помош и поддршка за ментална, емоционална и физичка благосостојба на корисниците на социјални и здравствени услуги во домот”. Обуката ја одржаа психолози од ЦРЕП кои нудат психолошка помош и поддршка преку проектот “Трансакт”.
Предавањата опфатија повеќе теми како психолошка помош и поддршка и зошто е важна, кога е потребна, како да се постапува и кои принципи се применуваат за успешно спроведување на истата. Беа споделени примери од секојдневна пракса, практични совети и алатки како и техники за ментална стимулација кои давателите на социјални и здравствени услуги можат да ги користат во секојдневната нега и грижа за корисниците. Дополнително беше даден краток приказ на најчестите состојби и промени во менталното здравје кои се сретнуваат кај повозрасните лица, со насоки како да се препознаат ина кои начини може да се обезбеди поддршка кај корисници со ваков тип на здравствени проблеми .






Обуката опфати и дел насочен кон самогрижа на давателите на социјални и здравствени услуги, како и техники за самопомош бидејќи барање на поддршката за себе не е знак на слабост туку одговорност!
Давателите на социјални и здравствени услуги се важна алка во здравствениот систем и системот на социјална заштита, особено за лицата за кои се грижат и многу често претставуваат нечиј глас, топлина и сигурност. Препознавањето и правилното реагирање на психолошки потешкотии е важен сегмент во постапувањето и пристапот кон оваа ранлива категорија граѓани, затоа здружението континуирано работи на зајакнување на човечките капацитети за обезбедување на квалитетна социјална и здравствена услуга за корисниците. Дополнително, се делува за создавање на тим кој покажува грижа за себе, грижа за корисниците и грижа за заедницата.