|

Нашата локална демократија не е наша работа, регионалната уште помалку?

            Оваа веб адреса е наменета за граѓаните да почнат да бараат: поотворено, поискрено, подобро, побрзо, поевтино!!!

За што говориме?

За услугите на општините кон граѓаните и не само за е – услугите, затоа што треба многу за да се дојде до брзи, евтини, неманипулативни и одговорни услуги кон граѓаните. Одговорот е секогаш во системот, а не во овој или оној градоначалник или партија. Овде се работи за капацитет на локалната администрација, а тоа не е лесна работа.

Како?

Граѓаните имаат свои маки со локалната самоуправа, односно, барања до „локалната“ и тоа од дозволи за градба, па до плаќање данок на имот. Така, секој граѓанин се лути кога службеникот „не им стои диван“ и тоа со право. Но што ако имаат право, кога нема да бидат услужени како што треба. Лутината нема ништо да реши. Администрацијата станала таква со време, а граѓанинот не учествувал во тоа. Ако сме ги пуштиле тие од властите „сами да се реформираат“, нема што да се лутиме дека тие прават како што сакаат. Администрацијата треба некој да ја притиска, но тоа не смееш да бидеш ти и твоето мито („да се почестите“ решение), туку нивните надредени.

Зошто тогаш функционерите, на кои „и оревот и каменот им е во раката“ тоа не го прават?

Затоа што не мораат!!!

Тие не гледаат дека има притисок од граѓаните, односно дека има барања до нив. Така, тие нема да си го реметат мирот и владеењето, ако не мораат. Ако видат дека таквата пасивност може да им удри по политичкиот рејтинг, тоа одма ги освестува. Навистина, кој градоначалник, кој има шанса за второ владеење, не би се потрудил да ја искористи таа шанса? Тој гледа што „му го помпа“ или „истишува“ рејтингот! Партијата уште повеќе. Ако не видат дека ИМА ПОБАРУВАЧКА од граѓаните за нешто, тие тоа нема да го прават. Ако политичката партија види дека граѓаните прашуваат за записник од седница на Советот на општината, дека реагираат што нема објавување на дневниот ред на седницата, за да можат да реагираат, ако види дека граѓаните бараат податоци за работата на некое општинско тело… партиите одма знаат дека „ѓаволот ја однел шегата“ и дека граѓаните се поописмениле, се охрабриле и почнале да бараат информации, за да учествуваат во општинските работи. Па, не се наивни да не одговорат, кога знаат дека незадоволниот граѓанин нема да гласа за нив на следните избори!!! Значи: НЕ ПОТЦЕНУВАЈТЕ ЈА СЕБИЧНОСТА НА ПАРТИИТЕ И ФУНКЦИОНЕРИТЕ!

Наше е само да им кажеме дека не сме толку неедуцирани и неинформирани, како што мислат.

Но, дали навистина сме толку неедуцирани и неинформирани?

За жал, одговорот е ДА!!!!

Тие гледаат што правиме, а не што кажуваме!

Ние граѓанигте не сме заинтересирани, неинформирани сме и уморени од манипулации. Тука лежи и зајакот и лисицата и лавот и слонот и …. Политичарите знаат какви сме, дека реагираме само кога имаме непосредна мака и дека лесно се откажуваме. Затоа нѝ се случува да нема поголем број е – услуги, записници од седници на совети, информации за промени на урбанистички планови и јавни дебати. Зошто да ги има? Граѓаните слабо ги бараат.

И невладините организации, кои заради тоа постојат (да ја отворат општината и институциите кон граѓаните) реагираат на сличен начин и парите од донаторите „ги пустат“, наместо со нив да направат влијание врз политичарите и функционерите, за да има подобри информации и услуги.

Како тогаш политичарите да помислат дека не сме глупави, незаинтересирани, неорганизиран и неинформирани и дека …. „ако така продолжат“, идните избори ќе ги губат?

Со малку едукација, со малку потчитнување и следење на локалните работи, а со тоа и на малку јавна реакција, но не партиска, туку граѓанска. Кога политичарите ќе видат дека граѓаните „растат“, одма ќе знаат дека нивното поминало: Од господари, ќе станат слуги на народот.

Значи, до НАС е, не до НИВ!!! Ние не бараме, па тие немаат пореба да „даваат“.

***

Ете го одговорот на првото прашање и што сакаме со овој РД ХАБ и што е тоа РД ХАБ: Сакаме да ја зголемиме ПОБАРУВАЧКАТА на добри услуги од сите тела на локалната самоуправа, за да се зголеми ПОНУДАТА. Значи, чиста економија: Нека има побарувачка, ќе има и подобра и зголемена понуда. Ова не е ниту игра на зборови, ниту „играчка“. Ако има многу барања за одредена е – услуга и јавна критика заради што нема таква услуга, политичарот од тоа ќе се уплаши, затоа што БАРАТЕЛИТЕ НА УСЛУГИ се и ГЛАСАЧИ:

Крај на приказната!!!

Затоа, овој РЛД ХАБ, што значи: „Регионално, локално и децентрализирано“, но исто така и „Регионална и локална демократија“, ќе биде социјална телевизија, на која ќе се одвива таа ЈАВНА ЕДУКАЦИЈА за ние граѓаните ДА ПОРАСНЕМЕ и тоа да им го покажеме на политичарите. Растењето „оди“ и преку подобра информираност и преку лесна и брза едукација и преку вклучување во работата на РД ХАБ – от.

Наша работа е тој НОВ и неслабокрвен ГРАЃАНИН да им го прикажеме на властите, за тие да сватат дека општината не им е оставена од татко им како наследство, туку дека таа им припаѓа на граѓаните и дека нема повеќе да се задоволуваме со „дојди утре“ или „денес е службеникот на одмор“ или дека нема е – услуги, оти серверот им паднал…

Сето останато е чиста техника и ние сите информации ќе ви ги дадеме на разбирлив, интересен, незаморен и ефикасен начин. Можеби при тоа ќе ве налути „што нѝ прават“, но нека ве теши дека ТОА МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ.

Пократко: Хабот ќе служи да го започнеме патувањето за поданикот да стане граѓанин, а владетелот слуга на народот.

Прво локално, потоа регионално, а центарот ќе мора да следи – ако тоа се оствари.

Отсега – па натаму ќе заборавиме дека: „Нашата локална демократија не е наша работа“, „регионалната уште помалку“.

Наши се и точка!!! Наши пари трошат, па нека не се прават мангупи.

Еве заради што и како настана овој проект

Локалните и регионалните власти во Македонија покажуваат мошне ниско чувство за да си ја оправдаат работата и потрошените пари, до степен што и граѓаните, „невладините“ и експертите се откажале од работата и одлуките на општинарите. Тоа намерно го направија. Им требавме додека ги зедоа парите (со Законот за финансирање на општините), а потоа започнаа да нѐ откачуваат.

Тој процес од планирање – до трошење наши пари се нарекува „Носење одлуки“. За да „носиш одлуки“ и да трошиш народни пари, треба да си избран на избори, затоа што (ПОЃОМИТИ) партијата и кандидатите понудиле ПРОГРАМА. Ние сите добро знаеме дека таа „програма“ е за лажење мали деца, оти оправдувања за неисполнување на програмата има колку сакаш, а и да не исполниле, ќе речат: Не само што исполнивме, туку ви дадовме и она што не баравте“ (Читај: „Ви дадовме сѐ што не баравте од нас и не сме ветиле “).

Е, фала многу – не требаше.

Дали тука завршува нашата приказна: ГЛАСАВТЕ И ДА ВИ Е СО ЗДРАВЈЕ ЦЕЛИ 4 ГОДИНИ?

НИКАКО! Не е наше само да гласаме, туку да направиме тие што сме ги избрале да нѐ прашуваат, да се сетат на ветувањата, да дадат отчет, да подобрат – а не да дорасипат и: ДА ДАВААТ ТОЧНИ, НАВРЕМЕНИ, ЈАСНИ, НЕМАНИПУЛАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ и да бараат ВАЖНИТЕ ОДЛУКИ да ги носат заедно со  нас, ако не друго, барем да бараат наши мислења и забелешки. Ако не друго, барем ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ЗАКОНИТЕ, кои велат МОРА, односно МОРА да се консултирате со граѓаните за важните работи, (како што се на пример урбанистичките планови), а не да ги кријат јавните расправи за ДУП – овите.

Не велам јас – ЗАКОНОТ ВЕЛИ!

 Значи, законот е јасен дека, иако се избрани на избори и имаат МАНДАТ, иако се власт, во носењето одлуки не смеат:

сами да месат – сами да сучат – сами да печат – сами да кркаат.

Како тогаш, тоа партиите и функционерите на сите нѝ досадија со нивните „измиени“ соопштенија, кои се толку досадни, манипулативни и без информации, што одма вртиме канал, освен ако сме партиски војници. Но и да сме партиски војници и да нѝ треба „да се ситиме“ на обвинувањата едни – кон други, штета е пак на грбот на сите. Како тоа: ем мораат според законот, ем се држеле до законот, ем ние граѓаните пак неинформирани, неуслужени и изманипулирани? Каде ги најдуваат оние кутри портпароли, како во еден калап правени, кој читаат такви глупости, што ако се слушаат – ќе се изнаплачат. Пак исто: ДО НАС Е, НЕ ДО НИВ! Ние да реагиравме, тие ќе најдеа поинакви.

Тие не чувствуваат дека „им дишеме во вратот “. Од овие локални и регионални институции скоро никој не побарал ниту информации од јавен карактер, освен НВО – ите при своите истражувања. Просто е, вие не прашувате, ние не одговараме или ќе соопштиме нешто „реда – ради“.

Слични Објави