Ученичкиот парламент при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ реализираше дискусија за правата и обврските на децата

Ученичкиот парламент при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ денес (28.11.2025 година) успешно реализираше дискусија на тема „Правата и обврските на децата“.



Во текот на настанот, учениците активно дискутираа за своите права и одговорности, како и за значењето на меѓусебната почит, активното учество и одговорното однесување во училишната заедница.

Учесниците споделија и низа креативни предлози и идеи за унапредување на ученичките права и за создавање позитивна училишна клима. Од Ученичкиот парламент најавија дека и во иднина ќе продолжат посветено да работат на реализација на предложените активности.

Слични Објави