| |

Сфати го трикот – буџет

Граѓаните треба да бидат информирани, консултирани, запознаени и едуцирани за трошењето на нивните средства, а општината според законските обврски кои треба да ги исполнат мора да ги објавуваат и ажурираат потребните буџетски документи на нивните веб страни.

Не бидете како Рики, навреме сфатете го трикот, наша обврска како граѓани е да се едуцираме и да присуствуваме на јавните расправи и да прашуваме каде одат и за што се трошат нашите средства.

Според: Закон за локалната самоуправа, Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, Закон за Буџети, Закон за финансирање на ЕЛС, Закон за сметководство на буџет и буџетски корисници секоја општина треба да ги има следниве документи на своите официјални страни.

  • Буџет на општината
  • Буџетски календар
  • Буџетски циркулар за општинските буџетски корисници
  • Буџет на општината заедно со образложение и сите измени и дополнувања на буџетот на општината (ребаланс)
  • Граѓански буџет на општината
  • Периодични финансиски извештаи за извршување на буџетот (Квартални). Доколку не се усвојат извештаите се објавуваат причините за неусвојување, со образложение.
  • Годишна сметка на Буџетот на општината и годишен извештај за реализација на буџетот на општината

Во „Буџет на општината“ се објавуваат буџетскиот календар на општината, буџетскиот циркулар, буџетските програми и информациите за извршувањето на буџетот на општината.

Предлог‐буџетот на општината, буџетот на општината кој е усвоен од советот на општината, како и сите измени и дополнувања на буџетот на општината (ребаланс) се објавуваат со одвоено образложение коешто содржи информации за вкупната вредност на планираните приходи и расходи, нивната споредба со минат период, вредноста на приходите и расходите по буџетски програми, сметки и ставки, образложение за евентуално зголемување или намалување и во однос на кои позиции, очекувани придобивки за граѓаните, вклучени иницијативи од граѓаните и сл.

Пожелно е буџетот на општината да е објавен и во форма која е лесно разбирлива за пошироката јавност, односно во форма на граѓански буџет.

Информациите за извршувањето на буџетот на општината се објавуваат во форма на периодични финансиски извештаи, односно месечни или квартални финансиски извештаи, вклучувајќи и извештаи за состојбата на општинските обврски и долгот, како
и годишни извештаи за реализација на буџетот на општината, односно завршните сметки за општината и за општинските буџетски корисници и годишната (консолидирана) сметка на буџетот на општината заедно со годишниот извештај за работењето на општината.

Слични Објави