Реконструкција на патот Кривогаштани-Крушево
Регионалниот пат Кривогаштани-Крушево, кој за последен пат бил реконструиран пред 42 години, е во процес на реконструкција. Оваа инфраструктурна интервенција е од големо значење за Крушево и регионот, со оглед на неговата важност за туризмот, економијата и локалното население, како и за намалување на стапката на иселување на младите.
Светската Федерација за Параглајдерство FAI, неодамна одлучи 18-тото Европско и Светско првенство во 2026 година да се одржат во Крушево. Организаторите, исто така, доставија писмо со намери за домаќинство на 2-то FAI Светско јуниорско првенство во параглајдерство со Европејци, кое исто така беше одобрено од Пленумот. Реконструкцијата ќе придонесе за подобрување на условите за одржување на овие настани, но и за Крушевскиот туризам, кој е основна стопанска гранка на овој град.
Се очекува реконструкцијата на патот, да биде завршена за неколку месеци.