Државата го превзема финансирањето на услугата „Помош и нега во домот“
Денес Здружението Центар за развој и едукација Прилеп одржа настан „Социјалната услуга помош и нега во домот носи придобвки за сите“ на кој ги презентираше идните планови за испорака на услугата помош и нега во домот согласно потпишаниот управен договор со Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Со услугата Социјалната услуга „Помош и нега во домот“ се обезбедува поддршка за над 200 корисници на териториите на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани од страна на 58 негуватели.
До сега услугата се релизираше со поддршка на Проект за подобрување на социјалните услуги од Светска Банка, а од Август оваа година потпишан е управен договор со што Министерството за социјална политика, демографија и млади го превзема понатамошното финансирање и одржливоста на услугата помош и нега во домот.
Она што е новост и чест да се сподели е дека Здружението го проширува спектарот на услуги и во соработка со организации од Република Австрија со поддршка на Австриското Сојузно Министерство за здравство, нега и заштита на потрошувачи во наредниот период ќе започни со имплементирање на проектот TRANSACT: трансфер на глобалните социјални предизвици во реални локални акции во рамките на кои за првпат во нашата држава ќе се пилотира услугата Медицинска сестра во заедницата.