Ќе се гради „Инклузивно детско игралиште“ во паркот на Могилата на непобедените
На четвртата форумска сесија беше изгласан и одбран еден од шесте предложени проекти, „Инклузивно детско игралиште“, кое ќе се гради на локација на Могилата на непобедените, проект кој што ќе придонесе за збогатување на парковските и детските содржини во нашата општина и ќе им овозможи на сите млади да уживаат во играта и забавата на отворено.
Оваа иницијатива е дел од проект „Зајакнување на општинските Совети-фаза 2“. Програмата Форуми во заедницата е одлична алатка за демократски одлуки и соработка со граѓаните, како и носење на квалитетни одлуки за потребите на заедницата. Покрај учество од граѓаните, здруженијата, НВО активно беа вклучени претседателот на Совет на Општина Прилеп, координативниот тим од Општина Прилеп.
За реализација на овој проект вкупниот буџет изнесува околу 60.000 долари, од кои што Општина Прилеп ќе учествува со кофинансирање од 20%, додека 80 % од средства се од Швајцарската Влада, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
Беше најавено од страна на општинскиот тим дека општината во иднина ќе се потруди да обезбеди средства преку разни донаторски фондови и останатите проекти од петте работни групи и предлагачи на идеи, да се реализираат.