Новогодишен Базар и Детска Претстава: „Дедо Мраз е на пат“
Новогодишен Базар и Детска Претстава: „Дедо Мраз е на пат“
Општина Кривогаштани го најавува традиционалниот Новогодишен Базар, кој оваа година ќе биде збогатен со театарска претстава за најмладите и дружење со Дедо Мраз! Настанот ќе се одржи на 30 декември со почеток во 11:00 часот, во Мултифункционалната сала во Кривогаштани.
![](https://otv.mk/wp-content/uploads/2024/12/1-14.jpg)
![](https://otv.mk/wp-content/uploads/2024/12/1-14.jpg)
За најмладите посетители, ќе биде прикажана детската новогодишна претстава со наслов „Дедо Мраз е на пат“, која ветува забава, смеа и новогодишен дух. По претставата, децата ќе имаат можност за дружење со Дедо Мраз. Овој дел од програмата е идеален за фотографирање и создавање незаборавни спомени.
Освен културно-забавната програма, посетителите ќе можат да уживаат во топол чај и новогодишни производи од локалните учесници на базарот.
„Не пропуштајте ја оваа магична прилика да се дружите со пријателите, да го најдете совршениот подарок за своите најмили, да се насмеете и да уживате во новогодишната атмосфера а притоа да поминете квалитетно време во вашата средина на живеење. Добредојдени се сите! Да уживаме во магијата на малите работи.
Не заборавајте да донесете позитивна енергија и добро расположение, да го прославиме најубавиот период од годината заедно. “ Стои во покана од градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски.
Настанот е во организација на општината.